СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.С. (58) и Р.Б. (53), двајцата од село Мала Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Според полицијата, на 3 мај 2025 година, пријавените извршувале градежни активности на парцела во нивна сопственост, без да поседуваат одобрение за градба од надлежен орган.
Случајот е пријавен до Основното јавно обвинителство Тетово за понатамошна постапка.





![ЦЕЛ АРСЕНАЛ: Полицијата изврши претрес во Батинци, погледнете што пронајде [ФОТО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/05/473995718_1308532236941904_2377622693071422955_n-424918.png)

