Во населеното место Жилче, општина Јегуновце започна со асфалтирање на нова локална улица, како дел од континуираните активности за подобрување на локалната патна инфраструктура. Градоначалникот Димитар Костадиновски информира дека се работи секојдневно и со целосна посветеност во интерес на граѓаните.
„Ова е новото време во општина Јегуновце. Работиме посветено, решаваме реални проблеми и одговараме на потребите на жителите. Продолжуваме со уште поголем интензитет,“ истакна Костадиновски.
Асфалтирањето на улицата во Жилче е дел од пошироката општинска стратегија за подобрување на условите за живот, поврзаноста меѓу населените места и безбедноста во сообраќајот. Општината најавува дека слични проекти ќе се реализираат и во другите населени места низ територијата на Јегуновце.






