Рецепт за највкусниот грав: Традиција која заситува и предизвикува носталгија
Гравот со запршка е едно од оние јадења што будат сеќавања, мирис на домашна кујна и чувство на топлина. Иако не спаѓа во најздравите оброци, за многумина останува незаменлива класика на трпезата. Запршка се користи и за други јадења како леќа, но гравот со запршка или пак приготвен во тава, едноставно – нема конкуренција.
Во зависност од регионот, запршката се подготвува различно: некаде со свинска маст, некаде со сланина, а во одредени варијанти и без брашно. Еве два традиционални начина за подготовка на совршен грав:
Прв начин – класичен со запршка:
Откако гравот ќе се свари, се приготвува запршката. Во тава се пржи брашно додека не добие златна боја, потоа се додава мелена слатка пиперка, а сето тоа се разредува со малку течност од гравот. Запршката се враќа во тенџерето со гравот, се меша и, по желба, се остава неколку минути на тивок оган.
Во некои варијанти, кога течноста од гравот ќе испари, се додава малку брашно растворено во вода, а потоа се додава процедениот варен грав. Сето тоа се пржи додека смесата не се згусне и добие кремаста текстура.
Втор начин – грав на тава:
Гравот се вари до целосна мекост. Во друга тава се пржи 1–2 ситно сечкани главици кромид додека не омекнат, по што се додава мелено доматно пире и слатка пиперка. Варениот грав потоа со решеткаста лажица се префрла директно во тавата со запршката, и полека се притиска за да се впие вкусот. Постепено се додава целиот грав, а јадењето се зачинува со нане, чубрика и уште малку пиперка.
Совет плус: Највкусен е следниот ден, кога ќе отстои и ќе се поврзат сите вкусови. Служете со кисели пиперки или топол леб и уживајте во ова традиционално македонско задоволство.






