Украина и Русија подготвуваат нова рунда мировни преговори, која треба да се одржи во среда во Турција, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видео-обраќање.
„Денеска разговарав со Рустем Умеров за подготовките околу размената на затвореници, како и за претстојната средба со руската страна во Турција“, изјави Зеленски, нагласувајќи дека состанокот е веќе закажан и оти повеќе информации ќе бидат објавени дополнително.
Рустем Умеров, кој сега ја извршува функцијата секретар на Советот за безбедност на Украина, претходно ги предводеше првите две рунди преговори со Русија во својство на министер за одбрана.






