Фондот за здравствено осигурување пред четири дена објави јавен конкурс за вработување на советник за административна поддршка на директорот на институцијата, со завршено образование ликовна уметност.

Во посебните услови кои треба да ги понуди кандидатот, е наведено дека треба да поседува „ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Јавна управа и администрација, Ликовна уметност, Oрганизациски науки и управување (менаџмент)“.
Согласно годишниот план на институцијата за 2020 година, пак, предвидено е вработување на еден Албанец или Албанка. Платата изнесува 34.448,00 денари, објави Денешен.
На социјални мрежи веќе има реакци дека работното место е веќе пополнето…







