Трамп: Соборени се пет авиони за време на индиско-пакистанскиот конфликт
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека за време на четиридневниот вооружен судир меѓу Индија и Пакистан, кој започна на 7 мај по напад на исламистички милитанти во индискиот дел од Кашмир, биле соборени до пет воени авиони.
„Всушност, авионите беа соборени во воздух. Пет, четири или пет – но мислам дека на крајот се работи за пет соборени летала“, изјавил Трамп на вечера со републикански конгресмени во Белата куќа, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател не даде дополнителни информации, ниту прецизираше на кои земји се однесува неговата изјава.
По завршувањето на судирот, Пакистан објави дека во воздушни пресметки соборил пет индиски авиони, додека Индија тврдеше дека успеала да собори неколку пакистански летала.
Исламабад, сепак, ги негираше наводите дека изгубил авиони, но потврди дека неколку негови воздушни бази биле нападнати.
Судирите во чувствителниот регион на Кашмир повторно ги разгореа тензиите меѓу двете нуклеарни сили, потсетувајќи на кревкиот мир и нестабилната безбедносна состојба на индискиот потконтинент.






