Денеска (18.07.2025) во 10.35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на х.Белви, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило „ивеко“ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило „голф“ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.. Со возило на Итна медицинска помош С.А. е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош. Увидот е во тек, а сообраќајот во тој дел кон Скопје се пренасочува зад бензиската пумпа.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







