Попладнево нестабилно време: УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и град
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде метео предупредување за денеска, со најава за локална нестабилност во попладневните и вечерните часови.
Според прогнозата, се очекуваат пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме, вклучувајќи и град на поединечни локации.
Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност, особено при престој на отворено и при движење по патиштата, поради можни ризици од нагли временски промени.







