Астролошки поволности за Лавовите, Раковите и Близнаците до 24 јули
До 24 јули, одредени астролошки аспекти ги ставаат Лавовите, Раковите и Близнаците во фокусот на позитивни влијанија, особено кога станува збор за личната енергија, интуицијата и финансиските приливи. Според астролозите, овие три знаци може да очекуваат зголемена самодоверба и подобра проценка на моментите кои носат личен напредок.
Лав
Со влегувањето на Сонцето во нивниот знак, Лавовите добиваат силен бран на енергија, харизма и мотивација. Ова е период кога нивната вродена самоувереност доаѓа до израз, а особено интензивни денови се 22 и 23 јули. Ќе имаат зголемена способност да препознаат вистински можности и да реагираат храбро и инстинктивно.
Рак
Под поддршка на Јупитер, планетата на растот и можностите, Раковите се наоѓаат во емоционален и интуитивен подем. Во периодот од 18 до 21 јули, тие ќе имаат чувство за вистинскиот момент – дали станува збор за деловна одлука, семејна иницијатива или важен личен чекор. Нивната претпазливост добива нова димензија, поткрепена со оптимизам.
Близнаци
Близнаците, под влијание на Венера и Месечината, имаат нагласена ментална флексибилност и финансиска интуиција. Во овој период се можни изненадни шанси за дополнителна заработка или за решавање на важни материјални прашања. Ќе бидат во состојба брзо да проценат кога вреди да се преземе иницијатива.
Периодов до крајот на јули им носи силна поддршка на овие знаци, не само на материјален, туку и на ментален и енергетски план. Секој знак има свои предности, но за овие тројца – ѕвездите дефинитивно се насмевнуваат.







