Денес не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието ќе биде поизразен.
Во попладневните часови, особено во планинските региони, постојат услови за изолирана појава на нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 31 до дури 39 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува слична состојба – сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повремено ќе се засилува во делови од котлината.
И утрешниот ден ќе биде слично жежок, но попладне и навечер се очекуваат локални врнежи, грмежи и засилен ветер, со можност за појава на изолирано невреме и град.
Во петок, со брз продор на посвежа воздушна маса од север, температурите благо ќе се намалат. Сепак, од викендот повторно се очекува постепен пораст на дневните температури.







