Во три одделни инциденти на подрачјето на Скопје, полицијата приведе три лица поради агресивно однесување кон полициски службеници за време на извршување на нивните службени дејствија.
Како што информира МВР, на 14 јули 2025 година во 11:20 часот во Центар бил приведен А.Р. (28) од Скопје, а на 15 јули, во 00:10 часот во Гази Баба бил приведен Д.К. (35) од Скопје. Истиот ден, во 01:40 часот во населбата Драчево, бил приведен Н.М. (32) од село Батинци, скопско.
Сите тројца се однесувале агресивно кон полицајци, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.






