Клер Дејли, членка на Европскиот парламент од Ирска, обраќајќи се ова тело изјави дека историјата не научила дека со санкции не се става крај на воените конфликти и дека треба да се разговара со Русија за да се стави крај на војната.
Таа го критикуваше и бугарскиот европарламентарец, Ангел Џамбаски, кој истакна став дека антивоените ставови се неморални.
Санкциите прават луѓето да страдаат, а не олигарсите, луѓето. Народот на Русија, народот на Европа… – истакна таа
Дејли го критикуваше постојаното вооружување на Украина, затоа што со тоа, како што истакна, само се продолжува војната и се предизвикува се повеќе Украинци да умираат.
Таа порача и дека лажната емпатија за Украина е шуплива приказна.
Ми се гади од тоа, да ви кажам искрено – истакна Дејли.
Таа праша и кога НАТО имал продуктивна улога и некаде донел мир.







