Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

КОЈ МУ ПРАВЕЛ ИНТРИГИ ВО ВЛАДАТА И КОЈ ГО СМЕСТИЛ НА ЦРНАТА ЛИСТА? Таков каков што е, Кочо Анѓушев избра да не молчи и да не биде „во средина, ама малку понастрана“

by
2025-07-14
in Uncategorized
Книгата „Таков каков што сум“ на проф. д-р Кочо Анѓушев е исклучителна автобиографија за еден пат до ѕвездите послан со трње. Таа е и драгоцено сведоштво за неговото кратко и за него разочарувачко присуство во политиката, кои му донесе само непријатели и место на црната листа на Стејт департментот. На дваесеттина страници од оваа книга, Анѓушев соопштува важни факти за тој период, со кои се дополнува сликата за причините за пропаста на владата на Зоран Заев.

„Таков каков што сум“ е насловот на автобиографската книга на проф. д-р Кочо Анѓушев, успешен бизнисмен, поранешен вицепремиер во владата на Зоран Заев, човек кој се најде на црната листа на американскиот Стејт департмент, без при тоа против него да се поведе каква било истрага или да се подигне обвинение за што било.

Станува збор за книга во која авторот, раскажувајќи ги својот животен пат и своето движење во професијата, во бизнисот и во еден период и во политиката, на читателот му нуди многу важни совети и препораки за тоа како да се изгради богата кариера, како да се создаде и успешно да се води компанија и како да се опстојува и постојано да се напредува во светот на бизнисот. Професорот пишува лесно и допадливо, неговите приказни се интересни, но тој ништо не му препушта на случајот и често одделните глави ги завршува во дидактички манир, да не речам професорски – ги сумира главните совети и препораки, зајакнувајќи ја така утилитарната нотка на ова четиво.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Таков каков што е, нели, човек кој никогаш не можел да го прифати советот на постарите „немој ни напред ни назад, биди во средина, ама понастрана“, Анѓушев не можел да ги премолчи причините поради кои во политиката остана релативно кратко време и не ја доби вистинска шанса да ги реализира своите големи амбиции и планови.

Кој бил мајсторот на интригите?

Овој дел од книгата (главата под наслов „Влада“), претпоставувам, ќе привлече и најмногу внимание од читателите. Меѓу другото и поради фактот што во Македонија, освен неколку исклучоци (автобиографските книги на Киро Глигоров и на Стојан Андов, на пример), дури и врвни политичари, такви коишто имале одлучувачка ролја во клучните моменти на поновата македонска историја, некако бегаат од мемоаристиката. Се сомневам дека причината е стравот од нашиот опак менталитет – во Македонија молчењето е прогласено за злато, туѓиот успех никогаш не се простува, комшиските кози постојано се под закана да цркнат, а секој што ќе се обиде во животот, во бизнисот или во политиката да тргне по некој свој пат, на тој пат вредно и уредно му се поставуваат безброј, често и бесмислени пречки.

Но, таков каков што е, нели, во овие свои мемоари за своите подвизи како претприемач, Кочо Анѓушев искрено, отворено и многу директно зборува и за својот престој во владата на Зоран Заев, кое веднаш на почетокот го нарекува грешка.

Меѓу другото, авторот напишал: „По формирањето на Владата, се вршеле политички консултации во кои јас никогаш не учествував. Од страна на СДСМ ги водеше една моја колешка од Владата, која беше креатор на сите внатрешни подметнувања против мене. Таа беше апсолутно незадоволна од моето присуство во Владата. Подоцна сфатив и зошто. Но, во тој момент не бев свесен за тоа. Таа беше 30 години во политиката, борејќи се само за себе и за своите интереси и за ништо друго. Најмалку за државата. Ни за партијата нејзина. По 30 години никој не може да се сети за некој став или проект на таа личност, освен празни флоскули. Децении потрошени на интриги, веројатно затоа што политиката им е единствена опција за некаков успех, други немаат“.

Кочо Анѓушев и во оваа книга, како и во приватни разговори признава, дека неговото „робустно“ влегување во Владата, со анкетен лист на кој наивно пријавил имот од 30 милиони евра (не сфаќајќи дека со тој гест на транспарентност на многу луѓе им брцнал в очи), со менаџерски менталитет кој на политичарите им е туѓ и омразен дури, сепак било грешка. Тој пишува дека во Владата го гледале како натрапник, како општествена закана, како богат претприемач кој им е класен непријател, како човек кој дошол во владата за уште повеќе да се збогати.

Една папка од „новинарски“ текстови и – туп на црната листа!

„Групата која беше незадоволна од моето присуство, соработуваше со некои невладини организации и со некои свои блиски новинари од неколку портали, за да прават прикаски за мене, само со цел да се намали мојата важност“, пишува Анѓушев. Резултат на таа кампања, додава, биле и постојаните роварења по обвинителства од политичари, амбасадорки и квазиновинари, после кои не се најдени ни докази ни дела, од проста причина што нема.

Па зошто е ставен на црната листа на САД?

„Според моите застапници кои ги ангажирав во САД – пишува Кочо Анѓушев – сѐ се сведува на папка од медиумски текстови и текстови на невладини организации. Внимавајте, продукцијата на таквите текстови и активности на НВО се плаќала со американски пари и тие написи ги користеле американски дипломати за да издејствуваат американски санкции за македонски државјани. Смешно.“

Подоцна Анѓушев ќе разбере за тезата дека клучниот проблем бил неговиот став дека власта и опозицијата треба да соработуваат за клучните државни прашања и неговото залагање за обединување на македонското национално ткиво.

Човек што продавал компири на пазар за да преживее, па направил милиони

Освен тие дваесеттина страници од книгата во кои Анѓушев раскажува за своето учество во Владата – а кои се задолжително четиво за секој што сака да разбере еден важен аспект на неуспехот на владата на Зоран Заев и на неуспехот на некои луѓе да наметнат еден поинаков, продуктивен стил на менаџирање на процесите и поинакво владеење – книгата „Таков каков што сум“ е непретенциозен запис за една необична и несекојдневна животна приказна на еден успешен човек. А тој човек не е транзициски бизнисмен, еден од оние коишто своите богатства ги стекнале со често оспоруваната приватизација на општествениот капитал. Напротив, Анѓушев е човек кој сѐ што поседува стекнал самиот, со сопствен труд и со скромната поддршка на своите родители, инаку и самите жртви на транзицијата.

Не верувам дека денес можете да најдете друг човек со бизнис портфолио и со легално стекнато богатство, со какви што може да се пофали овој човек (нешта за кои тој во оваа книга зборува отворено и гордо, бидејќи нема причина да ги скрие), а кој во младоста морал да продава компири на Зелено пазарче за да се прехрани и да се школува. Во многу животни ситуации, Кочо правел несекојдневни избори, избирајќи помеѓу перспективата на лесен и комфорен живот (онаа златна „средина, ама малку понастрана“) и патот до ѕвездите, послан со трње, што ќе рече исполнет со шанси, предизвици, ризици и грешки. Тие приказни авторот ги раскажува без комплекси и отворено, завршувајќи ја книгата со следните зборови: „… Оваа книга, пред сè, е книга за тоа дека може да се почне од нула и да се успее во животот, со многу работа и учење. И дека никогаш не треба да се откажувате…“

Книга од која може многу да се научи

За крај, сакам да кажам дека долго се двоумев дали да направам приказ на оваа книга. Од неколку причини. Прво, Кочо ми е личен пријател и понекогаш имаме кратки, но драгоцени дружби, од кои највпечатливи ми се тие во фабриката „Брако“ во Велес (во два наврата Кочо ме има шетано од хала до хала, за да го задоволи моето љубопитство). Второ, книгата ја исчитав во нацрт и знаев дека авторот – таков каков што е, нели – ќе ја стокми така како што наумил, како волкот што има дебел врат бидејќи сам си ја врши работата. И трето, јас одамна не сум читател што чита како некогаш, испружен спокојно во фотелја, со папучи на нозете, со кафенце на масичката, во тишина и спокојство.

Затоа, морав да го „фактчекирам“ својот впечаток дека авторот Анѓушев успешно ги споил својот несомнен раскажувачки талент, едноставноста во изразувањето и нешто што јас би го нарекол инженерска прецизност во нарацијата. Книгата ја дадов на читање на човек што јас го нарекувам квалификуван читател, некој што сѐ уште ужива да чита во hard copy, спокојно и без штедење време. Дури откако добив исклучително позитивна рецензија од тој читател, кој и не го познава Кочота Анѓушев приватно, одлучив да ја препорачам книгата „Таков како што сум“ за читање – посебно за тие што сакаат да научат нешто корисно за бизнисот и за претприемништвото.

Книгата е отпечатена и на англиски јазик и еден таков примерок јас лично би ѝ подарил на американската амбасадорка Анџела Агелер. Ама изгледа дека тоа веќе нема поента. Верувам дека Агелер веќе ја има прочитано. Важно е да ја прочитаат и некои други американски дипломати, бидејќи, како што слушам, на Калето веќе се спрема генералка…

Извор: plusinfo.mk

Previous Post

ТТК Банка потона 5,9 % – Алкалоид трета по ликвидност со пад од 0,6 %

Next Post

Божиновска: Со Светска банка кон побрза енергетска транзиција и пониски сметки за граѓаните

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Божиновска: Со Светска банка кон побрза енергетска транзиција и пониски сметки за граѓаните

Recommended

Пукна љубовта помеѓу САД и Израел? Трамп му се налути на Нетанјаху – откриена главната причина

Пукна љубовта помеѓу САД и Израел? Трамп му се налути на Нетанјаху – откриена главната причина

3 months ago
Му земале илјадници евра претставувајќи се како членови на криминална група

Полицијата презема мерки за расчистување на измама со 18.000 евра

1 month ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.