На 23.10.2025 во 19:50 часот во СВР Тетово, 57- годишен маж од тетовско село пријавил дека бил измамен од Џ.Д. од Турција за сума од 18.000 евра. Според пријавеното, Џ.Д. е сопственик на фирма за поставување на лифтови во станбени објекти, има пријавен престој на негова адреса и во септември 2025 година се договориле да работат заедно, односно да увезуваат пелети за греење од Турција. Како што е пријавено, тој го довел во заблуда и парите му ги зел во три наврати со изговор за порачка, но дознал дека веднаш ја продал на друго место и не можел да го добие на неговите мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






