На 11.07.2025 во 17.50 часот, во селото Песочани, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија Н.Н.(27) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се пиштол „таурус“, калибар 9 милиметри, пушка „маверик“, калибар 12 милиметри, 198 куршуми различен калибар, две ловни пушки и една пушка со оптички нишан, кои нелегално ги поседувал, како и други предмети. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






