СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.П.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 од КЗ. Имено, на 10.07.2025 во 22.10 часот, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.П.(30) од Скопје, затоа што при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, а по извршеното вештачење констатирано е дека станува збор за кокаин со нето маса 46,56 грама. Со К.П. бил извршен службен разговор, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






