Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Отворена истрага за шест лица за трговија со дрога

by
2025-07-07
in Uncategorized
Еден осомничен за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје

По краткотрајниот притвор и прибирање на сите неопходни докази во оваа фаза, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска и формално отвори истрага против шест лица поради основано сомневање дека вршеле продолжено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Во временскиот период од 01.05.2025 година до 03.07.2025 година, осомничените шест лица заедно, во повеќе наврати со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто кривично дело – трговија со дрога, искористувајќи ист траен однос и исти или слични прилики. Тие неовластено продавале или заради продажба неовластено држеле наркотична дрога – амфетамин во вкупна нето маса од околу 6,5 килограми, наркотична дрога – марихуана во вкупна нето маса од 257 грама, како и – 98 таблети психотропна супстанца 3,4-метилен-диоксиметамфетамин (MDMA).

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Предистражната постапка против осомничените траеше неколку месеци и притоа дел од доказите се обезбедени со примена на посебни истражни мерки. На 3 јули сите осомничени беа лишени од слобода во координирана акција, при што по барање на јавниот обвинител, а врз основа на претходно обезбедени наредби од судија на претходна постапка, беа извршени претреси на повеќе локации во Скопје и во Куманово.

При претресите, освен претходно наведената дрога и психотропни супстанции, беа пронајдени и одземени дополнителни количини и пакувања со марихуана, хашиш, амфетамин, кокаин, различни таблети, повеќе дигитални ваги, други предмети и парични средства.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за определување мерка ефективен притвор за сите шестмина осомничени.

Previous Post

Еден осомничен за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје

Next Post

Осомничен пукал кон полицијата таа возвратила го повредила и привела

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Осомничен пукал кон полицијата таа возвратила го повредила и привела

Осомничен пукал кон полицијата таа возвратила го повредила и привела

Recommended

Пожар крај социјалните згради во Нова Битола

4 months ago
Го мoлам НАРОДОТ ДА СТАНЕ и да бара ПРАВДА! Таткото и братот ми ИЗГОРЕА пред очи ги слушав како ВРИШТАТ, немаше пpoтивпожapeн апарат

Го мoлам НАРОДОТ ДА СТАНЕ и да бара ПРАВДА! Таткото и братот ми ИЗГОРЕА пред очи ги слушав како ВРИШТАТ, немаше пpoтивпожapeн апарат

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.