Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

by
2025-07-07
in Uncategorized
Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон дигитална евиденција. Од импровизација кон стратегија.
Оваа реформа ја носиме во време кога граѓаните одамна го изгубија трпението. И со право. Затоа што долго време имаше една логика – администрацијата како партиски плен, институциите како приватен имот. Ние градиме систем. А Информациониот систем за управување со човечки ресурси е значаен чекор, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски на денешниот настан.

Мицкоски посочи дека со Информациониот систем за управување со човечки ресурси за прв пат во државата ќе има целосен и транспарентна слика за тоа кој каде е вработен, но и колкава плата добива.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Преку овој систем, за првпат државата има целосна и транспарентна слика за тоа кој е вработен, каде, по кој основ, со кои квалификации, каква плата добива и дали е заслужена. Повеќе нема кумови, пријатели, советници по заслуга. Сега има податоци, перформанси и одговорност. Претходната власт не остави систем. Ни остави мрежа. Мрежа на влијанија, уцени, договорени функции и поставувања преку врски. Се криеја вработувања од јавноста. Се местеше документација. Луѓе без ден искуство раководеа со сектори. Тој модел го рушиме од корен. И на негово место градиме нов – праведен, транспарентен и контролиран систем.
Информациониот систем за управување со човечки ресурси е алатка, но реформата е политика која ние ја застапуваме. И ние таа политика ја водиме со јасен став – администрацијата не смее да биде партиска каса, туку државен сервис, изјави тој.

Премиерот Мицкоски истакна дека додека визија на Владата е јасна, а тоа е како што рече тој да создадеме професионална, стабилна и отпорна администрација. Да обезбедиме кариера, а не послушност

Нашата визија е јасна – да создадеме професионална, стабилна и отпорна администрација. Да обезбедиме кариера, а не послушност. Да градиме луѓе, а не лојалности.
Ние сме влада што инсистира за гарантирана услуга – институцијата мора да одговори на граѓанинот во рок. Влада што отвори процес на идентификација на нерегуларности во администрацијата. Што постави контролен механизам за напредување според учинок. И што, најважно од сè, ја враќа довербата во институциите. Затоа денес, преку ИСУЧР, покажуваме што значи владеење преку систем, а не преку влијание. Додека некои создаваа работни места за своите, ние инвестираме во дигитални системи, во обука, во квалитетни кадри. Ние отвораме врати за секој млад професионалец што сака да работи за државата. И тоа е суштинска промена. Тоа е разликата меѓу нас и нив. Ние градиме, тие прикриваа. Ние дигитализираме, тие укинуваа конкурсни постапки. Ние реформираме, тие ја злоупотребуваа администрацијата, објасни Мицкоски.

Ќе завршам со порака што одамна требаше да биде реалност – јавната администрација не припаѓа на ниту една партија. Таа припаѓа на народот. Ваквите реформи го градат системот што го потврдува тоа. И ова е само почеток. Ќе продолжиме со реформи. Ќе воведеме автоматизирани процеси. Ќе изградиме целосен дигитален систем на управување со институциите. Модерната држава не може да постои со застарена администрација. Граѓаните очекуваат брза услуга, одговорност и ефикасност – а не бирократска лавиринти и чекање со месеци. Администрацијата е лицето на државата. Ако тоа лице е неефикасно, затворено, арогантно или хаотично – тогаш и довербата во државата опаѓа. Во 21-от век, клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација. Без неа, секоја реформа е осудена на половичен успех, дециден е Мицкоски и додаде:

Ако сакаме европска Македонија, мора да имаме европска администрација. Не по имиња, туку по стандарди. Не по форма, туку по суштина.

Previous Post

Лишени од слобода возачи во Битола и Македонски Брод, управувале возила под дејство на алкохол

Next Post

Едно поевтинува, друго поскапува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Едно поевтинува, друго поскапува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Едно поевтинува, друго поскапува: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Recommended

Оваа група на луѓе никако не би требало да консумира банани

Оваа група на луѓе никако не би требало да консумира банани

7 months ago

Заменичката амбасадор на Австралија во работна посета на општина Битола

2 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.