Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Армијата крена 20 борбени авиони – одмаздата започна уште рано наутро

by
2025-07-07
in Uncategorized
Армијата крена 20 борбени авиони – одмаздата започна уште рано наутро

Израел возврати со 20 борбени авиони: Хутите повторно нападнаа, сирени завија јужно од Ерусалим

Израелската војска утрово соопшти дека биле истрелани две ракети од територијата на Јемен кон Израел, во нов напад изведен од страна на бунтовниците Хути, кои уживаат поддршка од Иран.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според соопштението, израелската противвоздушна одбрана се обидела да ги пресретне проектилите, а засега се утврдува дали обидите биле успешни. Брзата помош „Маген Давид Адом“ информираше дека досега не се пријавени повредени лица, ниту директни удари врз цели на теренот.

Сирени за воздушна опасност се огласија во повеќе населени места јужно од Ерусалим, како и во близина на Мртвото Море.

Нападот доаѓа само неколку часа по масовната израелска воздушна офанзива врз цели на Хутите во Јемен. Според израелската армија, околу 20 борбени авиони лансирале над 50 парчиња муниција кон стратешки цели, меѓу кои пристаништата Ходеида, Рас Иса и Салиф, како и електраната Рас Хатиб.

Министерот за одбрана на Израел, Јоав Галант, потврди дека нападите биле насочени и кон брод кој Хутите го заплениле уште пред две години во Црвеното Море.

„Како што и предупредив, Јемен ќе биде третиран како Техеран. Секој што ќе се обиде да му наштети на Израел ќе биде погоден. Хутите ќе продолжат да ја плаќаат цената за своите постапки“, изјави Галант.

Нападите беа придружени со наредба за евакуација на цивили од подрачјата во близина на целите во Јемен. Според локални извори, во текот на ноќта биле слушнати силни експлозии.

Хутите продолжуваат со истрелување беспилотни летала и ракети кон Израел, и покрај примирјето постигнато меѓу Израел и Иран минатиот месец.

Од ноември 2023 година, оваа бунтовничка група изведува напади врз трговски и енергетски бродови во Црвеното Море, во знак на поддршка за Палестинците во Појасот Газа. Нападите ги загрозуваат морските патишта кон Суецкиот канал – клучна рута за глобалната трговија меѓу Азија, Блискиот Исток и Европа.

Previous Post

Лишени од слобода криминалци барани со потерници за затворски казни

Next Post

Се огласи Зеленски: Русија лансирала речиси 1.300 беспилотни летала

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Се огласи Зеленски: Русија лансирала речиси 1.300 беспилотни летала

Се огласи Зеленски: Русија лансирала речиси 1.300 беспилотни летала

Recommended

Весник од Нов Зеланд во 1903 пишува: „УБИЕH е Делчев, креаторот на македонското pеволуционерно движење“

Весник од Нов Зеланд во 1903 пишува: „УБИЕH е Делчев, креаторот на македонското pеволуционерно движење“

5 years ago
Струмичанката Драгана и Омар од Скопје згазија на Ѕвездите на Гранд (Видео)

Струмичанката Драгана и Омар од Скопје згазија на Ѕвездите на Гранд (Видео)

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.