На 06.07.2025 околу 16 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Србија“, бул.„Трета Македонска бригада“ и бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.К.(60) од Скопје и патничко возило „опел антара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.К.(23) од Скопје. Во несреќата со тешка телесна повреда се здобил И.К., а со телесни повреди се здобиле Ф.К. и неговиот сопатник П.Б.(19) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, во 18.30 часот И.К. е лишен од слобода, затоа што е утврдено дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта и против него ќе биде поднесена кривична пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






