Земјотрес ја погоди Грција – почувствуван во близина на Закинтос
Умерен земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Јонското Море, во близина на грчкиот остров Закинтос, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Според официјалните податоци, епицентарот се наоѓал на 74 километри југозападно од населеното место Волимес на островот Закинтос, на длабочина од 10,5 километри, пренесува грчкиот весник Катимерини.
Засега нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица.







