Пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер во Општина Чучер Сандево продолжува да биде активен, информираат од Центарот за управување со кризи. Гори мешана шума и ниска вегетација на голема површина, а иако еден крак од пожарот е успешно изгаснат, друг продолжува да се шири кон ридско-планински терен што е целосно непристапен.
Екипите за гаснење и натаму се на терен и активно интервенираат, и покрај сложените услови. Надлежните институции вложуваат максимални напори за да ја стават ситуацијата под целосна контрола.






