На територијата на Република Македонија заклучно со денеска до 13 часот се активни вкупно четири пожари на отворен простор, додека еден пожар е локализиран, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има во општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка. Во Прилеп, пожарите се регистрирани во селото Бешиште, каде гори приземна квалитетна мешана шума, како и кај гробиштата во градот, каде гори ниска вегетација.
Во Македонски Брод, активен е пожарот во селото Црешнево, на местото Церо Поле, во деградирана дабова шума и грмушки. Во општина Чашка, пожарот е под Солунска Глава, во близина на Изворите на Бабуна и Бабина Дупка, каде што гори шумски пожар без активен пламен, но со присуство на чад на карпест терен.
Локализиран е пожарот на депонијата во Делчево. Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките за претпазливост и да ги пријавуваат сите сомнителни активности што можат да доведат до нови пожари.






