Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, со зголемен интензитет на возила особено на патните правци надвор од урбаните средини. Поради зголемената фреквенција на возила на граничниот премин „Табановце“, времето на чекање за влез во земјата изнесува околу половина час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
АМСМ апелира до возачите да прилагодат ја брзината на движење, да ги почитуваат сообраќајните знаци и да возат внимателно, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури каде постои ризик од одрони. Особено внимание се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.







