Од 1 јануари 2026 година ќе се воведат поригорозни мерки за сообраќајни прекршоци, меѓу кои и конфискација на возила, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Тошковски потенцираше дека граѓаните треба да бидат свесни дека оние кои безобзирно управуваат со моторни возила и ги кршат сообраќајните правила ќе се соочат со построги санкции, вклучително и одземање на возилото.
Министерот истакна дека оваа мерка е дел од напорите за подобрување на безбедноста на патиштата и намалување на бројот на сообраќајни несреќи.







