Венера Азизи, портпаролка на Владата, информираше дека на вчерашната 88-ма седница се усвоија предлози за финансирање на 829 проекти од шест министерства, во рамки на вториот циклус од нaдворешниот програм за капитални грантови за општините. Вкупната вредност на проектите изнесува околу 15 милијарди денари и ќе се реализира преку ресорните министерства.
Министерството за транспорт и врски добива најголем дел од средствата – над 8 милијарди денари, Министерството за животна средина и просторно планирање ќе реализира проекти со буџет од околу 2,5 милијарди денари, а Министерството за образование и наука ќе управува со 1,6 милијарди денари.
Азизи потенцираше дека програмата е важен инструмент за зајакнување на институционалните капацитети и инфраструктурата на општините, со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.







