Серија земјотреси денеска го потресе архипелагот Токара на југозападот од Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (JMA).
Најсилниот потрес бил со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар на длабочина од 10 километри во префектурата Кагошима, јави државната телевизија NHK.
За среќа, по земјотресите не е издадено предупредување за цунами, ниту пак досега има пријави за материјални штети или повредени лица.
Метеоролошката агенција предупреди дека постои можност за нови потреси во регионот и ги повика граѓаните да останат претпазливи.







