СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.К. (19), И.Н. (19), двајцата од Тетово, и А.И. (22) од с. Селце, општина Маврово и Ростуше, поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Инцидентот се случил на 22 ноември 2024 година во угостителски објект во Тетово, каде меѓу пријавените прво започнала жестока физичка пресметка. Насилството не завршило тука – тепачката продолжила и надвор од локалот, предизвикувајќи вознемиреност кај случајни минувачи.
Случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство.






