Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија денеска соопшти дека новата Одлука за висината на посебните такси за користење на јавни патишта, односно патарините, ќе се применува од 4 јули. Вкупната должина на автопатите со наплата на патарина изнесува 905,2 километри.
Според редовните годишни активности, извршено е прилагодување на износите на патарините во динари во согласност со годишниот индекс на потрошувачки цени и зголемувањето на малопродажните цени, но не се прецизирани конкретните нови износи.
Собирањето на патарините во Србија го врши Јавното претпријатие „Патишта на Србија“.






