Раперот Жарко Масларковски од дуото „Пука козметика“ на својот фејсбук-профил објави дека денеска требаше да се одржи рочиште на суд за констатирано нарушување на јавен ред и мир, односно „неовластено истакнување на знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон”.
Се мисли на знамето од Кутлеш кој го носел на грб на прославата на шампионската титула за РК Фардар.
Другари и другарки!!! И овој пат јас ја барам само вашата морална поддршка за моето судење кое ќе се одржи утре во 09:20. Со мојот адвокат Dragan Stari Pesevski побаравме на судењето да присуствува и полицискиот службеник кој ги констатира прекршоците за јавен ред и мир на организирана прослава за шампионската титула на Р.К. Вардар, како и поинтересниот прекршок, носење на Македонското знаме на сопствен грб. Се додека системот не опресира, желбата за слобода и правдина е разгорена и голема. Да живее Македонија!!! – напиша тој.

Тој денеска напиша дека судењето е одложено за 26.04 бидејќи полицискиот службеник пријавил боледување и не бил во можност да ги образложи констатираните прекршоци.







