Попладнево изби пожар на глисер закотвен во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро, предизвикувајќи вознемиреност меѓу туристите и локалното население. Над местото се издигна густ црн чад што беше видлив од поголемо растојание, а околу запалениот глисер имало и други паркирани пловни објекти, објави Скопје1.
На терен интервенираа екипи на Територијалната противпожарна единица од Охрид, како и припадници на полицијата. Засега нема информации за повредени лица, ниту е позната причината за избувнување на огнот.
Очевидци сведочат дека глисерот бил закотвен кога започнал пожарот. Надлежните служби работат на расчистување на случајот.
View this post on Instagram
Извор: Скопје1.мк
![Пожар зафати глисер во каналот Студенчишта – околу него паркирани десетина други [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-30-at-11.29.07.jpg)





