Приведена девојка од Радовиш – пијана предизвикала сообраќајка и избегала
Полицијата приведе 19-годишна девојка од Радовиш поради предизвикување сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и напуштање на местото на настанот, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за лицето Т.К., која на улицата Самоилова во Радовиш управувала патничко возило кога ја предизвикала несреќата, по што се оддалечила од местото. По преземени полициски мерки, било утврдено дека возачката била под дејство на алкохол, при што алкотестот покажал 2,23 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава за безобѕирно управување со моторно возило.






