Туристка од Јапонија која вчера паднала во близина на црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео, се наоѓа во стабилна здравствена состојба, информираат од СВР Охрид.
По пријавата за инцидентот, на местото веднаш биле упатени екипи од полицијата и Итната медицинска помош. Жената била пронајдена во бесознание и веднаш префрлена во Општата болница во Охрид, каде по укажаната лекарска помош ѝ биле стабилизирани виталните функции.
Според првичните информации, случајот нема елементи на насилство и се смета за несреќен случај на пад.






