Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во ГОБ „8-ми Септември“ се фрлил од прозорец од првиот кат.
Пациентот се фрлил од првиот кад на Ковид-центарот и не го преживеал падот.
Случајот го потврди МВР од каде соопштуваат дека се работи за пациент на 70-годишна возраст и персоналот од болницата го пријавил случајот како самоубиство. Тој бил хоспитализиран во болницата на 5ти февруари..
На платото пред Инфективното одделение каде се примаат пациенти заболени од ковид, утрово по трагичниот настан останаа крвави траги кои сведочат за трагедијата – вели СП.






