Интригантна тема одекна во јавноста по одлуката во САД да се дозволи траснџендер лица да бидат дел од Армијата на САД.
На тема дали во Армијата на Македонија има хомосексуални професорот по безбедност и декан на Европскиот факултет за детективи и криминалистика, Александар Нацев, кој често говори во јавноста на тема безбедност и состојбата во Армијата кај нас, во понеделникот на Лидер радио во свое гостување проговори во однос на прашањето дали во нашата македонската Армија има лица кои се хомосексулци вели дека ние како држава никогаш не сме го поставиле тоа прашање.
Професорот Нацев вели дека кај нас ова прашање никогаш не било третирано, и никогаш не сме го поставиле ова прашање како би го третирале внатре во Армијата.
Најдалеку отиде во тој домен Армијата на САД, каде важи правилото „Don’t ask, don’t tell“ или „Не прашувај, нема да добиеш одговор“, ова прашање долго време се пикаше под тепих, и не се третираше како такво, а сега со новата администрација се дозволува и трансџендер лица да служат во Армијата, како и жените да носат шминка и долги коси – вели Нацев.
Тој исто така вели дека кај нас нашето општество е поконзервативно и овие прашања никогаш не биле отворени, тој иако се залага за конзервативни вредности, и традиционални семјества, вели дека по Уставот секој има индивидуално право и слобода, и дека никој не може да се меша во сексуалната определба на поединците.
Видеото погледнете го на следниов линк:
https://www.facebook.com/radiolider107.4/videos/523033552005515






