ВЛЕН остро го осуди пописот на населението од 2021 година, нарекувајќи го „политички проект“ со цел систематско намалување на бројот на Албанци во земјата. Тие обвинија дека, со поддршка на ДУИ и техничка реализација од СДСМ, пописот бил спроведен со подела на граѓаните на „резиденти“ и „нерезиденти“, со што илјадници Албанци од дијаспората биле исклучени од статистиката…. Тие посочија несогласувања меѓу бројот на жители и бројот на гласачи во неколку општини, како доказ за манипулации. ВЛЕН ја поздрави одлуката на Уставниот суд, кој неодамна ја поништи поделбата на резиденти и нерезиденти, оценувајќи ја како уставно неоснована. Движењето најави иницијатива за пререгистрација на дијаспората и нивно целосно вклучување во институционалното претставување.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






