И понатаму се чувствува позитивното влијание на младата Месечина во Рак, а астролошката слика е стабилна и поволна за некои хороскопски знаци. Меркур во Лав и Јупитер во Рак создаваат услови за финансиски напредок, особено до 5 јули.
Планетарните позиции ќе бидат особено наклонети кон Близнаците, Раковите, Биковите и Шкорпиите, кои имаат реални шанси да остварат значителен приход. Еве што велат ѕвездите за секој од нив:
БЛИЗНАЦИ
Јупитер и Сонцето во Рак ви носат силна финансиска енергија. Големи се шансите за зголемување на платата или еднократен бонус. Можно е да дојде до изненаден паричен прилив кој ќе ви го подобри буџетот.
РАК
Ова е еден од вашите најповолни финансиски периоди во последните 12 години. Буквално го привлекувате парите како магнет – било преку работа, проекти или подароци. Ѕвездите се на ваша страна, искористете го моментот!
БИК
Почетокот на јули носи стабилизација и напредок. Венера во Близнаци ви носи убави подароци и можност за заработка од повеќе извори. Очекувајте подобрување на состојбата со парите и нови можности за заработка.
ШКОРПИЈА
Јупитер во Рак позитивно влијае врз вашето финансиско поле. Хобито може лесно да прерасне во профитабилен бизнис. Во деновите што доаѓаат, очекувајте конкретни резултати и нови понуди кои вреди да се разгледаат.
Среќна ѕвезда за РИБИТЕ
Ако постои хороскопски знак кој треба да се обиде со игри на среќа овие денови, тоа сте вие. Планетарните влијанија сугерираат дека интуицијата ви е нагласена, а шансите за добивка не се занемарливи.
Ако припаѓате на некој од овие знаци, не ја пропуштајте шансата да ја насочите енергијата во вистински правец. Астролошката клима ви е наклонета – делувајте самоуверено!






