Сончево и ветровито време утре, со пад на температурите за викендот
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрешниот ден ќе донесе сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој на одредени места може да достигне брзина над 70 километри на час.
Минималните температури ќе се движат меѓу 12 и 22 степени, додека максималните ќе достигнат од 27 до 36 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време – претежно сончево со умерена облачност и засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до околу 20 степени, а дневната ќе достигне до 34.
За време на викендот, метеоролозите најавуваат продолжување на сончевото време, но со нешто пониски температури. Северниот ветер ќе остане присутен и ќе придонесе за пад на дневните температури за 4 до 6 степени во споредба со сегашните вредности.
Од почетокот на следната недела се очекува постепен пораст на температурите.






