Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Иран на работ на параноја? Масовни погубувања, апсења и кампања на страв по конфликтот со Израел

by
2025-06-27
in Uncategorized
Иран на работ на параноја? Масовни погубувања, апсења и кампања на страв по конфликтот со Израел

Иранските власти започнаа широк бран апсења и егзекуции на лица осомничени за врски со израелските разузнавачки служби, по последниот вооружен конфликт со Израел.

Официјален Техеран тврди дека мерките се преземени за заштита на националната безбедност, но активистите за човекови права предупредуваат дека станува збор за репресивна кампања со цел замолчување на секој облик на несогласување.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Според информации на персискиот сервис на Би-Би-Си, иранските власти веруваат дека израелски агенти без преседан се инфилтрирале во безбедносните структури на државата. Се смета дека токму ваквите протечени информации довеле до атентати врз високи команданти на Револуционерната гарда и нуклеарни научници.

Во текот на 12-дневниот вооружен судир, три лица обвинети за шпионажа беа погубени, а уште три беа егзекутирани веднаш по објавувањето на прекинот на огнот. Иранската државна телевизија емитуваше наводни признанија на уапсените, кои, според властите, признале соработка со израелскиот Мосад.

Според агенцијата Фарс, блиска до Револуционерната гарда, од 13 јуни досега, се уапсени над 700 лица под обвиненија за шпионажа. Активистите алармираат на сериозни прекршувања на човековите права, вклучително и изнуда на признанија, неправедни судења и отсуство на транспарентност.

Министерството за разузнавање на Иран соопшти дека води „неуморна борба“ против западните разузнавачки мрежи, вклучувајќи ги ЦИА, МИ6 и Мосад. Дополнително, започната е дигитална офанзива – испраќање заканувачки пораки до граѓани чии телефонски броеви биле поврзани со израелски профили на социјалните мрежи, со предупредување за можна кривична одговорност.

Под притисок се и иранските новинари што работат во странство, особено оние ангажирани во медиуми како BBC Persian, Iran International и Manoto TV. Според Iran International, иранските безбедносни сили ги уапсиле родителите и братот на водителка на оваа телевизија со цел да ја натераат да поднесе оставка. Таа, во телефонски повик овозможен од безбедносните служби, била предупредена од својот татко дека последиците ќе бидат уште посериозни доколку не се откаже од новинарството.

Слични закани и заплашувања доживеале и новинари на BBC Persian, чии семејства биле контактирани од иранските власти. Тие се обвинети за „воени злосторства“ и прогласени за „мохареб“ – непријатели на Бог, што во иранскиот правен систем е кривично дело казниво со смрт.

И телевизијата Manoto TV пријави сериозни притисоци врз семејствата на своите вработени. Дел од нив се соочуваат со обвиненија за шпионажа и „непријателство кон Бога“, деликт кој исто така предвидува смртна казна.

Посебен фокус на репресивната кампања се лицата поврзани со протестите од 2022 година, одржани под мотото „Жени, живот, слобода“. Тогаш беа убиени стотици, а илјадници уапсени. Сега, на мета се членовите на семејствата на жртвите. Мнозинството приведени не се обвинети за конкретни дела, а процесите против нив се водат без јавно објавени докази.

Интернет-врските во земјата беа сериозно ограничени за време на конфликтот, а дури и по прекинот на огнот – пристапот до мрежи како Instagram, Telegram, YouTube и X останува блокиран, достапен единствено преку VPN.

Активистите за човекови права сè поотворено предупредуваат на можен повраток на репресивните практики од 1980-тите години, вклучувајќи ги масовните егзекуции од 1988 година, кога илјадници политички затвореници беа ликвидирани по тајни судења. Стравот е дека Иран, ослабен од надворешни конфликти и меѓународна изолација, повторно ќе прибегне кон брутална стратегија на замолчување преку страв, затвори и погубувања.

Previous Post

Роналдо доби кралски договор – еве колку ќе заработува фудбалерот на секои 24 часа

Next Post

Внимавајте на оваа измама: Жена од Тетово остана без 4.200 евра

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Внимавајте на оваа измама: Жена од Тетово остана без 4.200 евра

Внимавајте на оваа измама: Жена од Тетово остана без 4.200 евра

Recommended

Ако сакате магично да ви цветат цвеќињата нема поефикасно нешто од оваа билка ! ?

4 years ago

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела, се надевам дека тој е еден од нив

11 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.