Колку заработува еден пилот во САД? Примерот на првиот офицер Гарат Реј
Американскиот пилот Гарат Реј, кој активно споделува содржини на својот YouTube канал, открива колку заработува како прв офицер (копилот) летајќи од аеродромите во Њујорк. Неговата саатница изнесува 213,97 американски долари, односно околу 199 евра по час.
Но, пилотирањето не е класично работно време од 9 до 17 часот. Реј нагласува дека честопати има неработни денови без летови, како и долги паузи помеѓу два лета. Како пример го наведува летот од аеродромот ЏФК до Финикс, Аризона, по кој следува 24-часовно чекање до повратниот лет – ситуација која подразбира престој надвор од домот до 40 часа, а е платен само за 10 часа лет.
„Тоа не е најпрофитабилно сценарио“, вели Реј, додавајќи дека сè повеќе се ориентира кон рути кои овозможуваат поголем приход со минимални паузи.
За лет од над седум часа, Реј заработил 1.556 долари (околу 1.447 евра), при што бил надвор од базата нешто повеќе од девет часа.
„Ова е идеален случај. Станав многу рано, но веќе до 15 часот бев дома“, објаснува тој.
Во просек, месечно лета 80 часа и заработува околу 17.109 долари (приближно 15.921 евро). Со евентуално унапредување во капетан, неговата саатница би достигнала 350 долари (околу 325 евра), што би значело месечна заработка до 27.199 долари, односно околу 25.312 евра.
Еден од неговите неодамнешни летови опфатил релацијата ЛаГвардија – Далас – ЛаГвардија.






