Патничкиот воз од Велес за Кочани, излетал од шини, повредени нема.
Од Македонски железници АД Транспорт потврдуваат дека воз излетал од шините и се работи на санирање на шетата.
„Излетан е патнички вагон, на релацијата кон Кочани. Конкретни информации немаме, бидејќи се врши увид од страна на ЈП Македонски железници – Инфраструктура. Се работи на санирање на вонредниот настан“, изјавија кусо Македонски железници АД Транспорт.
Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин – пренесува СДК.






