Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

40 години не побарал лекарска помош и не употребува лекарства, го прослави 102-от роденден

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-02-08
in Uncategorized
40 години не побарал лекарска помош и не употребува лекарства, го прослави 102-от роденден

Дедо Цане Гелевски од селото Бурилчево, општина Чешиново-Облешево, денеска го прослави 102 роденден, а поради пандемијата од Ковид-19 свеченоста беше само со најблиските од семејството.

Гелевски сè уште е во одлична здравствена состојба и е најстар жител во општината, и меѓу најстарите во кочанскиот регион.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

– Повеќе од 40 години не сум побарал лекарска помош, не употребувам лекарства, единствено за полесно да се движам користам два бастуна. Ме мачат и видот и слухот, ама тоа е нормално за мојот век. Тутун не сум пушел, а секое утро една мала чаша ракија ми е доволна за денот да ми почне со нова енергија. Во животот имаше и убави и лоши моменти, а еден од нив е што пред пет децении ми почина сопругата, па децата сам ги одгледав и вдомив. Имам пет сина, од кои добив десетина внуци и уште толку правнуци. Задоволен сум и од нив и од снаите, ме гледаат и добро се грижат за мене, дури и торта ми подготвија, истакна славеникот Гелевски.

До 85-годишна возраст живеел во скопското планинско село Дивљак, каде работел во училиштето, а како поштар им ја носел и пензијата на соселаните.

Потоа, Гелевски дошол кај синот во Бурилчево, каде животот го поминал како сточар со сопствено стадо од неколку стотини овци. Смета дека престојот во природа е една од главните причини за долговечноста, а дури и денес му помага на најмалиот син во бачилото.

Негова роденденска желба е сите луѓе да имаат добро здравје, да се чуваат од пандемијата, да ги гледа околу себе исполнети со почит и душевен мир.

MИА

Previous Post

Девојче, родено со едвај 800 грама е вистински херој на одделението за Интензивна нега

Next Post

Млад човек скокнал од мост во Велес, а на Фејсбук ја најавил својата намера

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Млад човек скокнал од мост во Велес, а на Фејсбук ја најавил својата намера

Млад човек скокнал од мост во Велес, а на Фејсбук ја најавил својата намера

Recommended

Близок човек на Трамп го откри планот за Украина: Ќе биде како Берлин после Втората светска војна?

Близок човек на Трамп го откри планот за Украина: Ќе биде како Берлин после Втората светска војна?

8 months ago

Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, но добредојдена е секоја поддршка од секој пратеник за владините политики

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.