„Генерално гледам дека луѓето се недоволно информирани. Некои еколошки здруженија кои се против рудниците, постојано излегуваат по медиумите и го плашат народот. Ние не можеме да го замислиме модерниот свет без метали. Како ќе функционираме без метали, од каде ќе ги најдеме?“ запраша кандидатот за градоначалник на Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тоневски.
„Рудното богатство е национално богатство и тоа треба да се експлоатира, меѓутоа со строга контрола од страна на државата. Да се сведе на минимум, да нема штетно влијание врз животната средина а рудниците повторно да работат. Има нови методи, има многу начини каде може да се минимизира штетното влијание врз животната средина, а сепак и луѓето и општината и државата да имаат бенефит од експлоатација на рудниците“ дополни тој во „Што мисли народот“, кој покрај своето поранешно менаџирање со Пробиштип (2009-2017) е и инжинер во рударската област со повеќе дваесет години искуство на менаџерски позиции.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







