Иран демантира договор за прекин на огнот со Израел
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека не постои никаква согласност за прекин на огнот меѓу Иран и Израел, спротивно на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Изјавата доаѓа откако Трамп објави дека двете страни постигнале договор што ќе доведе до целосен крај на 12-дневниот вооружен конфликт.
„Нема договор за прекин на огнот,“ изјави Аракчи, додавајќи дека Иран нема намера да продолжи со своите воени одговори доколку Израел ја прекине, како што ја нарече, „нелегалната агресија“ врз иранскиот народ најдоцна до 4 часот по локално време.
„Конечната одлука за прекин на нашите воени операции ќе биде донесена подоцна,“ додаде Аракчи во објава на социјалната мрежа X.
Од своја страна, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор за прекин на огнот меѓу двете страни и најави целосно завршување на војната во наредните дваесет часа.






