Скопјанец на возраст од 72 години е поканет од МВР на информативен разговор затоа што на Фејсбук го опцул министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, тврди неговот син на Твитер пост.
Иако овој вид на поведение се гони според законот за граѓанска одговорност и Бочварски ако се смета за понижен или навреден и ако сака треба да покрене граѓанска парница во МВР најверојатно изливот на емоции на скопјанецот го третираат како закана за безбедноста на министерот и го повикуваат во полиција.







