Расправија меѓу двајца скопјани завршила со пукање во воздух во населбата Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 22 јуни 2025 година околу 13:05 часот, кога во СВР Скопје било пријавено дека дошло до вербален конфликт помеѓу М.Х. (35) и Е.Џ., двајцата од Скопје. По расправијата, Е.Џ. извадил пиштол и испукал неколку куршуми во воздух.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. Засега нема информации за повредени лица.






