По немилиот настан во Кочани, инспекциските служби низ целата држава спроведоа засилени контроли и детални проверки на голем број угостителски и деловни објекти. При контролите беа откриени сериозни неправилности, по што за некои од објектите беа издадени решенија за нивно затворање.
Заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување информираше дека инспекторите, во координација со други надлежни инспекторати и Министерството за внатрешни работи, внимателно ги проверувале сите прописи и услови за безбедност кои сопствениците се должни да ги исполнуваат.
Истовремено, Министерството за економија и труд работи на подготовка на нова регулатива. Истата ќе предвиди построги казни, подобра институционална координација при издавање дозволи, почести контроли, како и механизми за итно затворање на објекти кои не ги исполнуваат условите за работа.







