Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган остро ја критикуваше израелската влада, наведувајќи дека токму нејзиното водство, предводено од премиерот Бенјамин Нетанјаху, претставува најголемата пречка за постигнување мир на Блискиот Исток.
Во изјава за медиумите, Ердоган обвини дека Израел намерно ги поткопува сите обиди за обновување на нуклеарните преговори меѓу САД и Иран. Според него, неодамнешните израелски напади се јасен показател дека Тел Авив не е заинтересиран за дипломатски решенија.
„Израел ја саботира секоја можност за мир преку својата агресивна политика и одбивање на дипломатија. Светот не смее да наседнува на оваа токсична реторика, туку треба активно да бара политичко решение за кризата“, изјави турскиот претседател.
Ердоган ги повика меѓународните актери да дејствуваат одговорно и да не дозволат да бидат вовлечени во ескалацијата на конфликтот. Истовремено, додаде дека голем број земји веќе апелираат до Иран да се врати на преговарачката маса, но иранските власти возвратија дека дипломатијата е невозможна сѐ додека траат израелските напади.






