Слаб земјотрес почувствуван во Охрид и околината
Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во Охридскиот регион, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Тлото се затресе околу половина час по полноќ, а епицентарот на земјотресот се наоѓал во пограничното подрачје со Република Албанија, во јужниот дел на Охридското Езеро.
Потресот бил со слаба јачина и не предизвикал материјални штети, но бил почувствуван од дел од жителите во Охрид и околните населени места.






