Деновиве на група на Фејсбук која е именувана како „Група на здравствениот срам“ беа објавени слики од доручекот на пациентите кои се сместени на Гинекологија, а како што може да се види од сликите истиот се состои од лепче и мало парче сирење.

Откако беше објавена сликата под истата можеа да се прочитаат и бројни коментари од луѓе кои се запрепастени од односот кон пациентите, но и такви кои мислеа дека можеби другите оброци им се подобри за отпосле исто во коментари да биде објавена и слика од вечерата во ГАК која се состои од истото тоа лепче, но овојпат место парче сирење има чашка јогурт.







